На Халкидики од денеска стапи во сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради високиот ризик од избувнување на шумски пожари.
Мерката е во сила од 08 до 20 часот и се однесува на подрачја во Касандра, Ситониа и општината Аристотелис каде што индексот на опасност од пожар е во категоријата 3, пишуваат грчките медиуми.
Локалните власти ги повикаа жителите и посетителите да ја почитуваат забраната и да се придржуваат да упатсвата на надлежните органи.
За прекршување на забраната предвидена е казна од 300 евра.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.