Германската фудбалска лига (DFL) започнува со пилот-проект во кој судиите ќе им ги објаснуваат одлуките на ВАР прегледот на гледачите на стадионот преку звучници веќе од претстојниот викенд.
„Како дел од проектот, судиите ќе ги објават своите одлуки за одредени ситуации на теренот преку звучниците на стадионот на вкупно девет стадиони во Бундеслигата и Бундеслигата 2. Пилот-проектот ќе биде лансиран на пет натпревари овој викенд“, објави DFL.
Девет клубови доброволно учествуваа во проектот, меѓу кои и шампионот во Бундеслигата, Баер Леверкузен и актуелниот лидер Баерн Минхен. Дел од проектот се и Борусија Дортмунд, Фрајбург, РБ Лајпциг и Гројтер Фирт.
Натпреварот на второлигашот Фортуна Дизелдорф против ССВ Улм во сабота ќе биде првиот натпревар во Германија на кој судиите ќе ги образложат нивните клучни одлуки. Новиот систем ќе биде тестиран и на саботните натпревари Баерн Минхен – Холштајн Кил, и Ст. Паули – Аугсбург, а во недела на натпреварите Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург и Баер Леверкузен – Хофенхајм.
„Со оваа тест-фаза сакаме дополнително да ја зголемиме транспарентноста на судиските одлуки и да обезбедиме поголемо разбирање меѓу навивачите. Гледачите на стадионот и пред екранот ќе добијат подлабок увид во процесот на одлучување на судијата по интервенцијата на видео асистент“, рече директорот за операции и навивачи на DFL, Ансгар Швенкен.
Слични новости
Изненадувачка размена во НБА – Дончиќ во Лејкерс, Дејвис во Маверикс
Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ESPN рано наутро во неделата објави дека тимовите завршиле со трејдот што ќе го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес и Ентони Дејвис во Далас
НБА: Денвер победи, Вашингтон ја прекина серијата од 16 порази
Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа ги совладаа Шарлот Хорнетс со 107:104, а Никола Јокиќ го оствари својот 22. „трипл-дабл“ сезонава
Реал Мадрид поразен од Еспањол, Атлетико Мадрид убедлив со Мајорка
За неволјата на Реал Мадрид да биде поголема на натпреварот се повреди нивниот стопер Антонио Рудигер кој мораше да биде заменет во 14 минута од мечот.