Германската фудбалска лига (DFL) започнува со пилот-проект во кој судиите ќе им ги објаснуваат одлуките на ВАР прегледот на гледачите на стадионот преку звучници веќе од претстојниот викенд.
„Како дел од проектот, судиите ќе ги објават своите одлуки за одредени ситуации на теренот преку звучниците на стадионот на вкупно девет стадиони во Бундеслигата и Бундеслигата 2. Пилот-проектот ќе биде лансиран на пет натпревари овој викенд“, објави DFL.
Девет клубови доброволно учествуваа во проектот, меѓу кои и шампионот во Бундеслигата, Баер Леверкузен и актуелниот лидер Баерн Минхен. Дел од проектот се и Борусија Дортмунд, Фрајбург, РБ Лајпциг и Гројтер Фирт.
Натпреварот на второлигашот Фортуна Дизелдорф против ССВ Улм во сабота ќе биде првиот натпревар во Германија на кој судиите ќе ги образложат нивните клучни одлуки. Новиот систем ќе биде тестиран и на саботните натпревари Баерн Минхен – Холштајн Кил, и Ст. Паули – Аугсбург, а во недела на натпреварите Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург и Баер Леверкузен – Хофенхајм.
„Со оваа тест-фаза сакаме дополнително да ја зголемиме транспарентноста на судиските одлуки и да обезбедиме поголемо разбирање меѓу навивачите. Гледачите на стадионот и пред екранот ќе добијат подлабок увид во процесот на одлучување на судијата по интервенцијата на видео асистент“, рече директорот за операции и навивачи на DFL, Ансгар Швенкен.
Слични новости
Евролига: Пао го доби дербито со Фенер, Ѕвезда го совлада Асвел, нов пораз на Реал
По некомплетното 25. коло во водство е Олимпијакос (17-7), а потоа следуваат Фенербахче (16-8), Монако (15-9), Париз (14-9), Панатинаикос (15-1).
Манчестер Сити на засилувања потроши шест пати повеќе од водечкиот Ливерпул
За еден месец Манчестер Сити потроши дури 243 милиони евра на засилувања, додека лидерот во Премиер лигата, Ливерпул потроши скромни 42 милиони
Тотенхем го доведе 19 годишниот Матис Тел од Барен Минхен
Во финишот на преодниот рок англискиот премиерлигаш Тотенхем ја комплетираше позајмицата на 19 годишниот Матис Тел од Баерн Минхен.
Тој доаѓа во Тотенхем на позајмица, но со опција да биде откупен за 60 милиони евра.