На грчкото острово Санторини е прогласена вонредна состојба откако таму се случи најсилниот земјотрес во последно време, пред кој земјата постојано се тресеше.

Земјотресот со сила од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Санторини во средата навечер, и беше прв кој ја надмина магнитудата од 5 степени, откако почнаа земјотресите минатата недела. Во четвртокот уследија уште два земјотреси над 4 спремени според Рихтер.

Островото на Кикладите во Егејското море, доживува речиси постојани тресења на земјата од 27 јануари. Досега се забележани илјадници помали земјотреси. Санторини е сместен во близина на хеленскиот вулкански лак, кој се протега од Пелопонез па се до Кикладите. Во овој регион има два вулкани: Неа Камени на Санторини и подводниот вулкан Колумбо осум километри североисточно од Санторини.

Властите се подготвуваат за уште посилен земјотрес, со оглед дека тресењето на земјата не престанува.

Сепак, иако кај Санторини има два вулкани, стручњаците сметаат дека ерупција на некој од вулканите е малку веројатна. Научниците нагласуваат дека сегашните потреси не се поврзани со вулканска активност и не претставуваат специфична вулканска опасност.

Слични новости

Во Турција уапсени 37 луѓе поради објави на социјаните мрежи за апсењето на Имамоглу

Во Турција уапсени 37 луѓе поради објави на социјаните мрежи за апсењето на Имамоглу

Во Турција се уапсени 37 луѓе кои се сомничат дека на социјалните мрежи објавувале провокативни коменатри за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја