Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос не беа регистрирани силни земјотреси, со исклучок на еден од 4,1 степен, иако серијата на помали потреси продолжи, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово изрази умерен оптимизам дека ситуацијата не води кон најлошото сценарио.
Во период од 12 часа, односно од полноќ до точно напладне состојбата беше значително помирна во споредба со изминатите денови, со само два земјотреси од над четири степени, односно 4,1 претпладнево и еден со иста јачина кусо пред 3.30 часот.

Грчкиот премиер во неговиот седмичен преглед на настани што секоја недела го објавува на Фејсбук, денеска се осврна и на земјотресите на Санторини.
„Само бројката, над 7.700 земјотреси, го оправдува стравот и немирот. Завчера бев на Санторини и би сакал и сега да ја изразам мојата поддршка, како и на целата Влада за жителите кои ја живеат оваа тешка ситуација. Ве разбираме и сме покрај вас. Сакам да апелирам да останете смирени. Експертите кои постојано ја следат појавата и сакам да нагласам дека имаме одлични научници, ни даваат причини да бидеме малку пооптимисти како одминуваат деновите. Никој не може да предвиди со апсолутна сигурност, но постои воздржан оптимизам дека нема да бидеме доведени до најлошото сценарио“, напиша Мицотакис.
Додаде дека Владата има одговорност „брзо и координирано да ги преземе сите неопходни превентивни мерки за да создаде безбедносна мрежа за жителите на островите“ и да биде подготвена да одговори на секое сценарио.
Училиштата на четири грчки острови, на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите ќе останат затворени и следната седмица со одлука членовите на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и на Комисијата за следење на вулкански активности при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција за време на нивниот вчерашен состанок.

Слични новости
Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата
Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево