Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска беше во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, кое против него води истрага „за пасивна корупција “.
„За разлика од пролетта, кога се задржа повеќе од 7 часа, за случајот со инценераторот во Тирана, и излезе насмеан, застанувајќи за да даде кратка изјава, денеска видно нерасположен, избегна да даде изјава, велејќи дека ќе зборува на седницата на Советот на општината во попладневните часови, и веднаш замина“, објави телевизијата Ora News.
По налог на СПАК агенти на Националното биро за истраги на шести овој месец вршеа претрес во неговиот дом, при што го одзеле телефонот на неговата сопруга Ајола Џоџа, како и во седиштето на галеријата „Харабел“ во Тирана, чиј директор е таа.
Во реакција на социјалните мрежи тогаш напиша дека ги „поздравува и ги поддржува процедуралните чекори што ги презема Специјалното обвинителство во врска со овој случај“.
Деновиве во Обвинителството беше и неговата сопруга, како и неговиот брат а потекло на имот се испитува и за други членови на нивните семејства. Според Обвинителството, од досегашните истраги „утврдено е дека има конкретни податоци дека блиски членови на семејството и други роднини блиски до градоначалникот на Тирана добивале незаконски бенефиции преку повеќе фирми и физички лица.
Слични новости
Обвинителството на Б и Х побара притвор министерот за државна безбедност Ненад Нешиќ
Обвинителството на Босна и Херцеговина до Судот на Босна и Херцеговина поднесе предлог за определување притвор за тројцата уапсени во акцијата „Тунел 2“, меѓу кои и министерот за државна безбедност Ненад Нешиќ.
Во Хрватска предизборен молк во пресрет на утрешните претседателски избори
Во Хрватска од полноќ стапи на сила изборниот молк во пресрет на неделните претседателски избори, на кои ќе учествуваат осум кандидати. Фаворит е актуелниот претседател Зоран Милановиќ
Над 90.000 регистрирани гласачи од дијаспората за изборите на Косово, информира ЦИК
Периодот за пријавување и регистрација на гласачите од косовската дијаспора, кој започна на 29 август, заврши на 26 декември 2024 година.