Филмот на режисерот Мајкл Расел Гаун за историскиот самит меѓу Михаил Горбачов и Роналд Реган во Рејкјавик кој овозможи намалување на тензиите меѓу Истокот и Западот доби слаби оценки од филмските критичари по затворените проекции.

Филмот помалку се занимава со политичкиот контекст на самитот, а повеќе со важноста луѓе кои имаат различни идеологии да разговараат за да ги надминат разликите.

Критичарите сметаат дека филмот останал на тоа ниво- разговор и го опишуваат како бесконечни и здодевни теми на разговори, кои кај гледачот дури предизвикуваат чувство на клаустрофобија.

Продукцијата успеа филмот да го сними на автентичните локации, а сцените на разговорите меѓу Реган ( Џеф Дениелс) и Горбачов (Џед Харис) да бидат снимани во собата во која навистина се одржуваа преговорите.

Американските критичари сметаат деа Џеф Даниелс и покрај обидот, не успеал да влезе во ролјата на Реган.

Слични новости

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.