Повеќе од 150 полицајци се повредени за време на протестите на опозицијата во текот на ноќта, соопшти грузиското министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека откако се почнати протестите на 28 ноември се приведени повеќе од 400 луѓе.

Демонстрантите во текот на ноќта фрлаа предмети и пиротехнички средства врз полицијата и зградата на парламентот, но таа не влезе во конфликт и во растурање на толпата демонстранти, пренесе руската агенција Интерфакс.

Порталот Грузија денес пренесува дека групи маскирани полицајци апсат демонстранти по споредните улици, но не и на авенијата Руставели каде што и натаму се наоѓа најголемиот број од демонстрантите.

Порталот тврди дека полицијата напаѓа демонстранти и новинари, дека ги одвлекуваат зад полициските кордони и дека таму ги претепуваат.

Елката која ја поставија властите на авенијата Руставели демонстрантите ја „накитија“ со знамиња на Грузија, Украина, ЕУ и САД, како и со пароли и фотографии од повредени во судирите со полицијата за време на досегашните протести.

Серијата опозициски протести почна во Грузија на 28 ноември, бидејќи премиерот на земјата Иракли Кобахидзе објави дека го суспендира разгледувањето на почетокот на преговорите со ЕУ до 2028, откако Европскиот парламент не ги призна резултатите на изборите во Грузија.

Слични новости

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон во четвртокот соопшти дека има 2.000 американски војници во Сирија, што е двојно повеќе од 900-те претходно потврдени, и појасни дека дополнителните трупи се „привремени сили“ и поддршка во борбата против милитантите на Исламската држава