Секвелот на хитот „Ѓаволот носи прада“ од 2006 -романтична комедија за модната индустрија со неверојатен успех, ќе ја има премиерата во кината на Први мај.

Претходно се одржани проекции за филмските критичари, но критиките за филмот се под ембарго, до излегувањето на филмот пред публиката.

Оригиналниот филм со Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Стенли Тучи и Емили Блант од 2006 заработи фантастични 327 милиони долари, а во секвелот на филмот настапува истата актерска екипа.

Причините што толку долго се чекаше на втор дел од филмот е што Мерил Стрип која ја игра главната улога на главен уредник на модноото списание „Ранвеј“не сакаше да игра во продолжението на филмот.

Слични новости

Стивен Најт ја затвори популарната франшиза „Пики Блајндерс“ со филмот на Нетфликс „Бесмртниот човек“

Стивен Најт ја затвори популарната франшиза „Пики Блајндерс“ со филмот на Нетфликс „Бесмртниот човек“

Пики Блајндерс во шесте сезони беше репер за квалитетна телевизиска серија креирана од Стивен Најт. Приказната беше фокусирана на семејството од Бирмингам Шелби, а главниот лик Томи Шелби му донесе светска слава на Килијан Марфи