На поранешните работници на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, кои се отпуштени или се ставени на административно отуство, им бил даден рок од 15 минути да си ги соберат работите од канцеларијата во Вашингтон, пренесе Асошиејтед прес.

Агенцијата наведува дека не е познато уште колку од 5.600 луѓе кои работеа во УСАИД во Вашингтон работат во зградата.

УСАИД во понеделникот стави на отсуство 4.800 вработени кои работат ширум светот, а дополнително беа отпуштени уште 1.600 работници.

Администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека укинува повеќе од 90 насто од договорите за странска помош на УСАИД, или околу 60 милијарди долари.  

Слични новости

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада ќе им воведе на САД царини во вредност од 29,8 милијарди канадски долари почнувајќи од четврток наутро како одговор на царините што ги воведе Вашингтон за челик и алуминиум, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк