Десетици илјади луѓе можеби ги загубија животите на францускиот остров Мајот во Индискиот Океан по разорниот циклон, а лекарите се подготвуваат за зголемување на инфекциите, изјави во вторник стоматолог во единствената болница на островот.
Три дена откако циклонот Шидо ја погоди француската прекуморска територија во Источна Африка, службите за итни случаи не регистрираа многу повреди, поради што стравуваат од најлошото, рече Науел Буабас.
„Фактот што не видовме толку многу повреди од циклонот откако сè падна, нè тера да мислиме дека овие луѓе сѐ уште се закопани и се мртви“, изјави таа за Reuters во видео повик од островот.

„Очекуваме илјадници, не би ме изнанадило и десетици илјади“, рече Буабас запрашана за можниот биланс на жртви, додавајќи дека телата не може да се извадат од урнатините поради инфраструктурата.
Властите рекоа дека стотици или дури илјадници би можеле да ги загубат животите, но само 22 смртни случаи биле потврдени до вторник наутро, изјави за фанцуското радио Амбдилвахеду Сумаила, градоначалник на главниот град Мамуџу.
Од циклонот Шидо во блискиот Мозамбик до денеска се пријавени 34 жртви.
Црвениот крст во вторникот соопшти дека судбината на 100.000 луѓе, вклучително и околу 200 волонтери, сè уште е непозната откако циклонот го опустоши островот со ветрови од над 200 километри на час, најлошата бура во последните 90 години.
Повеќе од три четвртини од околу 321.000 жители на Мајот живеат во релативна сиромаштија, а приближно една третина се мигранти без документи, главно од блиските Комори и Мадагаскар. Многумина живеат во сиромашни квартови во импровизирани живеалишта.
Буабас истакна дека условите за живот на многу жители на островот се причина за можното нагло зголемување на смртноста и ширење на болести.
„Луѓето се веќе жедни и гладни. Луѓето веќе пијат нечиста вода. Се чувствуваме многу осамени и исплашени. Мислиме дека најлошото допрва доаѓа“, рече Баубас.
Оштетени се и здравствените установи, вклучително и централната болница во Мајот каде работи Буабас, која беше поплавена.
Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го посети Мајот во четврток.
Слични новости
САД и Украина ќе потпишат договор за минерали во вторник, велат извори
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и Украина имаат намера да потпишат договор за минерали од ретки земји по катастрофалната средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот
Израелските сили на Западниот брег убиле командант на Хамас
Израелските сили во вторникот убиле командант на Хамас во градот Џенин во окупираната палестинска енклава Западниот брег, во време на повеќенеделната операција против милитантните групи
Зеленски: Украина подготвена за преговори под „силното водство“ на Доналд Трамп
Зеленски го објави ова ден откако американскиот претседател привремено ја запре американската воена помош за Украина, прекорувајќи го Зеленски за непочитување и неблагодарност кон американската администрација