Десетици илјади луѓе можеби ги загубија животите на францускиот остров Мајот во Индискиот Океан по разорниот циклон, а лекарите се подготвуваат за зголемување на инфекциите, изјави во вторник стоматолог во единствената болница на островот.

Три дена откако циклонот Шидо ја погоди француската прекуморска територија во Источна Африка, службите за итни случаи не регистрираа многу повреди, поради што стравуваат од најлошото, рече Науел Буабас.

„Фактот што не видовме толку многу повреди од циклонот откако сè падна, нè тера да мислиме дека овие луѓе сѐ уште се закопани и се мртви“, изјави таа за Reuters во видео повик од островот.

„Очекуваме илјадници, не би ме изнанадило и десетици илјади“, рече Буабас запрашана за можниот биланс на жртви, додавајќи дека телата не може да се извадат од урнатините поради инфраструктурата.

Властите рекоа дека стотици или дури илјадници би можеле да ги загубат животите, но само 22 смртни случаи биле потврдени до вторник наутро, изјави за фанцуското радио Амбдилвахеду Сумаила, градоначалник на главниот град Мамуџу.

Од циклонот Шидо во блискиот Мозамбик до денеска се пријавени 34 жртви.

Црвениот крст во вторникот соопшти дека судбината на 100.000 луѓе, вклучително и околу 200 волонтери, сè уште е непозната откако циклонот го опустоши островот со ветрови од над 200 километри на час, најлошата бура во последните 90 години.

Повеќе од три четвртини од околу 321.000 жители на Мајот живеат во релативна сиромаштија, а приближно една третина се мигранти без документи, главно од блиските Комори и Мадагаскар. Многумина живеат во сиромашни квартови во импровизирани живеалишта.

Буабас истакна дека условите за живот на многу жители на островот се причина за можното нагло зголемување на смртноста и ширење на болести.

„Луѓето се веќе жедни и гладни. Луѓето веќе пијат нечиста вода. Се чувствуваме многу осамени и исплашени. Мислиме дека најлошото допрва доаѓа“, рече Баубас.

Оштетени се и здравствените установи, вклучително и централната болница во Мајот каде работи Буабас, која беше поплавена.

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го посети Мајот во четврток.

globe

Слични новости

Јужнокорејскиот претседател и по отповикувањето е решен да остане во политиката

Јужнокорејскиот претседател и по отповикувањето е решен да остане во политиката

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол изјави во саботата дека ќе се бори за својата политичка иднина откако беше отповикан од должноста во парламентот, процес предводен од опозицијата поради неговиот краткотраен обид да воведе воена состојба минатата седмица

Израел изведе десетици напади во Сирија

Израел изведе десетици напади во Сирија

Израелски борбени авиони извршија околу 40 воздушни напади во текот на ноќта, насочени кон поранешни сириски воени позиции околу главниот град Дамаск, според набљудувачката група.