Концерот на американскиот рапер Кање Вест во Итсанбул собра 118.000 посетители, што е оценето од организаторите и медиумите како еден од најпосетените концерти оваа година. Обраќајќи им се на своите фанови на коцертот Кање Вест објави дека е соборен рекордот за најголема посетеност на некој настап на стадион на сите времиња.

Настанот привлече публика од целиот свет, вклучувајќи и посетители од Велика Британија, Франција, Италија, Полска и Швајцарија, кои допатуваа во Истанбул, откако концертите на Кање Вест во тие држави беа откажани поради контроверзните изјави на раперот.

Медиумите објавуваат дека концертот на Кање Вест стана најпосетен соло концерт на стадион и го собори рекордот на кантри ѕвездата Зек Брајан кој собра 112.845 гледачи на стадион во Мичиген.

Слични новости

Во Виена се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија која ја бојкотираат повеќе европски земји поради учеството на Израел  

Во Виена се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија која ја бојкотираат повеќе европски земји поради учеството на Израел  

Во Виена синоќа на прекрасна сцена и визуелни ефекти се одржа правата полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар, на кое се претставија вкупно 15 земји.