Американската медиумска ѕвезда Ким Кардашјан објави дека ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот, објавија американските медиуми.
Кардашјан ја откри својата дијагноза за време на претпремиерата на седмата сезона од нејзиното реално шоу „The Kardashians“, кое премиерно се емитува на Hulu, според извештаите.
Не е познато дали Кардашјан страдала од симптоми на состојбата, како што се силни главоболки, гадење, вкочанет врат или заматен вид или не, објавија медиумите.
Агенцијата Reuters не можеше веднаш да ги потврди извештаите. Агентот на Кардашијан не беше веднаш достапен за коментар, ниту нејзиниот публицист или адвокат.
Порано оваа година Ким Кардашјан сведочеше на судењето на банда таканаречени „дедовци крадци“, обвинети за кражба на накит во вредност од милиони евра од неа под закана со оружје за време на Седмицата на модата во Париз во 2016 година.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


