На градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу му се заканува затворска казна од две до четири години и забрана за политичко дејствување по обвинението за „обид да се влијае врз судски службеник, вештак или сведок“, објавија турските медиуми.

На прес-конференција на 27 јануари, Имамоглу отворено го именуваше С.Б., вештакот во истрагите и судските случаи за наводна корупција поврзани со општинските претпријатија, тврдејќи дека С.Б. намерно бил распореден во предметите да го инкриминира него и општината. Потоа, обвинителството во Истанбул започна истрага во врска со изјавите дадени против С.Б.
Во обвинението се наведува дека по изјавите на Имамоглу С.Б. е подложен на кампања за клевета на социјалните мрежи и некои медиуми.
Самиот С.Б изјави дека никогаш не бил вмешан во лажно сведочење или други неправилности, како што тврдеше Имамоглу, и објасни дека бил назначен и како вештак во многу судски случаи во кои се вклучени други политички партии, освен Народнорепубликанската партија на Имамоглу.
Градоначалникот на Истанбул, од своја страна, тврди дека судските дела против него и другите општини што ги води партијата се политички мотивирани.
Слични новости
Романското обвинителство ги приведе десничарски претседателски кандидат
Романското обвинителство во средата го приведе десничарскиот претседателски кандидат Калин Џорџеску на сослушување како дел од пошироката истрага за поништените избори, соопштија судски извори
Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење дејност
На претседателот на Република Српска му се судеше од февруари 2024 година затоа што не постапил по одлуката на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит, одговорен за почитување на мировниот договор
Во куќа во Брчко откриено 31 дете, меѓу кои и бебиња, предмет на трговија со луѓе
. Кај децата биле пронајдени хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела, меѓу кои и трговија со луѓе