На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.

Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.

Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.

Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.

Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.

 

Слични новости

Нафтата Брент доближува 100 долари за барел

Нафтата Брент доближува 100 долари за барел

Брент нафтата на денешните берзи се трува за 98 долари за барел и се прибличува до границата од 100 долари, која беше надмината во март годинава на почетокот на конфликтот меѓу САД и Иран. Нападите на Хутите врз танкери во Црвеното море, заедно со намалените изгледи за мир со Иран ги туркаат цените на нафтата нагоре.

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

ДЗР утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.