На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.
Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.
Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.
Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.
Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.
Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.
Слични новости
Повеќе од 60 полицајци повредени во напад на противниците на брзата пруга Торино-Лион
Најголемите судири се случија на градилиштето на пругата во Кјомонте. Таму биле извршени повеќе едновремени напади, поради што италијанските медиуми оценуваат дека станува збор за однапред подготвена и координирана акција. По повеќе обиди маскираната група го пробила полицискиот кордон и упадна во просторот пред железничкио тунел.
Македонското знаме во кабинетот на Али Ахмети по цели 24 години
Али Ахмети изјави дека истакнувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем и порача дека отсекогаш се залагал за унитарна држава.
Министерот за здравство Клековски побара да нема „слободни јавачи на епидемијата“
Министерот за здравство, Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ оние доктори кои објавуваат стручни мислења и совети за евентуални последици од консумирање на загадена вода преку социјалните мрежи.


