На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 21 пациент поради западно-нилска треска. Кај 18 од нив, вирусот веќе е потврден – соопшти попладнево на прес конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.
Шестмина од хоспитализираните се на интензивно лекување.
Клековски рече дека во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.
Во однос на преземените активности, од 14 август кога е направено последното ажурирање, досега е завршена четвртата тура на прскање против возрасни комарци во Скопје, рече ресорниот министер.
Бројот на заболени годинава е драстично зголемен во споредба со истиот период лани кога биле регистрирани само два случаи.
Клековски вели дека нема едноставно и единствено објаснување за ваквиот пораст, бидејќи однесувањето на вирусот е непредвидливо и не постои научно утврден образец според кој однапред може да се процени бројот на заболени.
Слични новости
Две кумановки и пет банкари со туѓи лични податоци подигнале брзи кредити, оштетиле граѓани за сума од над 12 милиони денари
Поднесена е кривична пријава против две кумановки и пет банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, поради сомнеж дека оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари
На Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство
На Ива Михаилова, обвинета за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ќе ѝ се суди во отсуство. Вака реши Јавното обвинителство по предлог на Основното Јавно обвинителство Кочани.
Една минимална плата одвај ги покрива трошоците за храна и пијалаци во месецот
Според анализата на ССМ, на едно четиричлено семејство за да преживее му се потребни над 70 илјади денари и во однос на септември трошоците се зголемена за над 900 денари.


