На Ива Михаилова, обвинета за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ќе ѝ се суди во отсуство. Вака реши Јавното обвинителство по предлог на Основното Јавно обвинителство Кочани.

Михаилова не е достапна за државните органи. Таа моментно се наоѓа во Бугарија, каде пребега со нејзиниот адвокат Николај Димитров. Двајцата изјавија дека границата ја преминале преку официјален премин. Михаилова изјави дека тоа го сторила со лична карта, но тоа е невозможно, бидејќи таков договор немаме со источниот сосед.

Бугарското МВР на 14 октомври соопшти дека нема да преземаат дејствија за утврдување на локацијата на Михаилова во Бугарија, а министерот Иван Демерџиев децидно кажа дека нема да ја екстрадираат Михаилова и покрај барањето од македонските власти 

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава