Жителите на западната хемисфера ноќеска беа во можност да видат помрачување на „крвавата Месечина“ феномен кој е така наречен, затоа што за време на помрачувањето Месечината е со црвено-портокалова боја. Помрачувањето на Месечината траеше еден час и две минути.

Како што соопшти НАСА, за време на помрачувањето Месечината добива црвена боја бидејќи сета сончева светлина која физички не е блокирана од Земјата се филтрира низ густ слој на Земјината атмосфера.

Помрачувањето на Месечината се случува кога Земјата се наоѓа меѓу Сонцето и Месечината, а трите небески објекти се редат во речиси совршен ред наречен сизигија.

Слични новости

Џин Хекман починал една недела по неговата сопруга, а обајцата починале од природна смрт утврди истрагата

Џин Хекман починал една недела по неговата сопруга, а обајцата починале од природна смрт утврди истрагата

Легендарниот холивудски глумец Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата на медицинските власти на Ново Мексико.