
Жителите на западната хемисфера ноќеска беа во можност да видат помрачување на „крвавата Месечина“ феномен кој е така наречен, затоа што за време на помрачувањето Месечината е со црвено-портокалова боја. Помрачувањето на Месечината траеше еден час и две минути.
Како што соопшти НАСА, за време на помрачувањето Месечината добива црвена боја бидејќи сета сончева светлина која физички не е блокирана од Земјата се филтрира низ густ слој на Земјината атмосфера.
Помрачувањето на Месечината се случува кога Земјата се наоѓа меѓу Сонцето и Месечината, а трите небески објекти се редат во речиси совршен ред наречен сизигија.
Слични новости
Пивската чаша на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон
Оваа дрвена чаша ќе биде дел од изложбата што се отвара на 4 март заедно со други предмети на Исак Њутн, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Математичките принципи на природната филозофија“,
Тимоти Шаламе се појавува во облека инспирирана од имиџот на Боб Дилан
Тимоти Шаламе е еден од фаворитите за Оскар за најдобра машка улога за неговата ролја на Боб Дилан во филмот „Целосно непознат“. Додека го промовира...
Џин Хекман и неговата сопруга биле мртви можеби и со недели, утврди истрагата
Актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава биле мртви неколку дена, а можеби и неколку недели, пред да бидат пронајдени нивните тела во домот во Санта Фе, изјави шерифот на округот во Њу Мексико.