Соединетите држави ќе ѝ дадат на Украина пакет оружје во вредност од 725 милиони долари, објави во понеделникот државниот секретар Ентони Блинкен, додека администрацијата на претседателот Џо Бајден во заминување се обидува да ја зајакне позицијата на властите во Киев во војната против Русија.
Помошта меѓу другото ќе вклучува и ракети „Stinger“, муниција за артилериските ракетни системи со висока подвижност (HIMARS), беспилотни летала и мини, се вели во соопштението на Блинкен.
„САД и повеќе од 50 нации се обединети за да ѝ дадат на Украина опции за одбрана од руската агресија“, се додава во изјавата на Блинкен.
Најавата претставува голем пораст во однос на неодамнешното активирање на Претседателските овластувањаза повлекување средства (PDA) од страна на Бајден, која им овозможува на САД да извлечат од сегашните резерви на оружје за да им помогнат на сојузниците во итен случај.
Со досегашните користења на овластувањата вообичаено се повлекуваа меѓу 125 и 250 милиони долари. Средствата што Бајден ги повлече со помош на PDA, веќе одобрен од Конгресот, се проценува на 4 до 5 милијарди долари и се очекува да бидат искористени за Украина пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.
Во овој пакет оружје, првпат по неколку децении, САД извезуваат нагазни мини, чија употреба е контроверзна поради потенцијалната опасност за цивилите.
Во овој пакет оружје, првпат по неколку децении, САД извезуваат нагазни мини, чија употреба е контроверзна поради потенцијалната опасност за цивилите.
Иако повеќе од 160 земји потпишаа договор со кој се забранува нивната употреба, украинскиот претседател Володомир Зеленски, чија земја како и САД, не ја ратификува нивната забрана, ги бара откако Русија ја започна својата целосна инвазија на почетокот на 2022 година, обвинувајќи ги руските сили дека ги користеле на фронтот.
Американски иззвори тврдат дека наводно нагазните мини кои би можеле да бидат испратени во Украина се „непостојани“, со систем за напојување кој трае кратко, оставајќи ги наводно подоцна уредите „несмртоносни“. Тоа би значело дека за разлика од постарите нагазни мини, тие нема да останат во земјата загрозувајќи ги цивилите со години по нивната примена.
Слични новости
Јужнокорејскиот претседател ја укинува воената состојба по гласањето во парламентот
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол рече дека ќе го започне процесот на укинување на вонредната состојба што ја прогласи само неколку часа претходно, почитувајќи го парламентарното гласање против мерката
Франција веројатно останува без влада
Француските пратеници во средата ќе гласаат за доверба на владата, што речиси сигурно ќе значи пад на кревката владејачка коалиција на премиерот Мишел Барние, продлабочувајќи ја политичката криза во втората по големина економија во еврозоната
САД ја проширија листата на ограничувања за извоз на чипови во Кина, Пекинг одговори
Целта на новите американски мерки е „дополнително да се ограничи способноста на Кина за производство на софистицирани полупроводници кои можат да се користат во новата генерација оружени системи и во вештачката интелигенција