Европската унија оваа зима би можела да се соочи со недостиг од природен гас од дури 14 милијарди метри кубни, што претставува седум насто од побарувачката на ЕУ.
Овие бројки ги соопшти Институтот за енергетска економија и финансиска анализа на европската мрежа на оператори на гас.
Недостигот од гас би можел да доведе до натамошен пораст на сметките за енергија како и мерки за намалување на потрошувачката во ЕУ доколку унијата не обезбеди дополнителни колични на глобалните пазари кои се веќе под притисок поради војната во Иран и пореметувањето во снабдувањето се енергенти, пренесува бриселски Политико.
Резервите на гас паднаа на околу 70 насто од капацитетите што е најниско ниво за ова време од годината од 2011 година.
Слични новости
Американските берзански индекси С и П 500 и Насдак на нови историски максимуми
Индексите пораснаа поддржани од силниот раст на технолошките компании и падот на приносот од американската државна обврзница, пренесе Си-Ен-Би-Си.
Нафтата Брент околу 100 долари за барел, по новите нестабилности на Блискиот исток
Цената на меѓународната референтна нафта Брент денеска повторно се тргува за околу 100 долари за барел, откако во претходната сесија падна на 98 долари за барел.
Европските индекси во плус, нафтата Брент падна на 101 долар за барел
Денеска на берзите цената на нафтата Брент падна за 0,74 насто на 101,5 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ падна за 1.29 насто на 89,9 долари за барел.


