Кошаркарот на Милвоки Демијан Лилард ќе отсуствува на неопределено време од терените, бидејќи му е откриен тромб на листот на десната нога, соопшти Милвоки Бакс. Тимот додава дека на препорака на лекарите Лилард користи лекови за разредување на крвта.

Асошиејтед Прес потсетува дека Лилард е втор играч во НБА на кого му е откриен тромб по центарот на Сан Антониот Виктор Вембенјама.

Лилард во досегашниот дел од сезоната одигра 58 натпревари со просек од 25 коша и 7 асистенции по натпревар.

Тој беше донесен како голема ѕвезда на инсистирање на Јанис Адетокумбо, за Милвоки повторно да биде конкурентен во борбата за титулата. Не е јасно дали Лилард ќе се врати на теренот за плеј оф натпреварите.

Слични новости