Германскиот парламент во понеделникот ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на канцеларот Олаф Шолц, отворајќи го патот за предвремени избори на 23 февруари по распадот на неговата централно-левичарска коалиција минатиот месец.
Од присутните 717 пратеници, 394 гласаа против Шолц, 207 за, а 116 беа воздржани, соопшти претседателот на Бундестагот, Бербел Бас.

Канцеларот сега ќе побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти парламентот и да распише нови избори околу седум месеци порано од планираното. Резултатот од гласањето беше очекуван, бидејќи владата на Шолц повеќе нема мнозинство во парламентот.
Социјалдемократот Шолц поднесе барање за гласање доверба три години откако неговата трипартиска владејачка коалиција ја презеде функцијата во 2021 година. Овој потег уследи по неколкумесечни жестоки борби за економската политика и буџетот за 2025 година, особено со помалиот коалициски партнер, про-бизнис Слободната демократска партија (FDP).
Откако на почетокот на ноември канцеларoт одлучи да го разреши тогашниот министер за финансии Кристијан Линднер од FDP, партијата ја напушти коалицијата, оставајќи го Шолц во малцинска влада со Зелените.
Слични новости
Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан
На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.
Русија го уапси атентаторот на генерал Кирилов
Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската...
На Мајот стравуваат од „десетици илјади“ можни жртви на циклонот
Три дена откако циклонот Шидо ја погоди француската прекуморска територија во Источна Африка, службите за итни случаи не регистрираа многу повреди, поради што стравуваат од најлошото