Германскиот парламент во понеделникот ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на канцеларот Олаф Шолц, отворајќи го патот за предвремени избори на 23 февруари по распадот на неговата централно-левичарска коалиција минатиот месец.
Од присутните 717 пратеници, 394 гласаа против Шолц, 207 за, а 116 беа воздржани, соопшти претседателот на Бундестагот, Бербел Бас.

Канцеларот сега ќе побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти парламентот и да распише нови избори околу седум месеци порано од планираното. Резултатот од гласањето беше очекуван, бидејќи владата на Шолц повеќе нема мнозинство во парламентот.
Социјалдемократот Шолц поднесе барање за гласање доверба три години откако неговата трипартиска владејачка коалиција ја презеде функцијата во 2021 година. Овој потег уследи по неколкумесечни жестоки борби за економската политика и буџетот за 2025 година, особено со помалиот коалициски партнер, про-бизнис Слободната демократска партија (FDP).
Откако на почетокот на ноември канцеларoт одлучи да го разреши тогашниот министер за финансии Кристијан Линднер од FDP, партијата ја напушти коалицијата, оставајќи го Шолц во малцинска влада со Зелените.
Слични новости
Полска планира да воведе задолжителна воена обука за секој маж поради растечките закани во Европа
Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека неговата влада работи на план за воведување обврзувачки воен рок за секој маж во земјата, како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа.
Најмалку 14 лица загинаа, а 37 се повредени ноќеска во руски напади во источна Украина
Во руските ракетни напади врз градот Добропилија во источна Украина во текот на ноќта загинаа најмалку 11 лица, а ранети се 37, меѓу кои пет деца
САД до Индија: Намалете ги царините и купете повеќе воена опрема, тогаш можен е договор
Индија треба да купи повеќе воени производи и да ги намали царините за американските производи за да можат двете земји да потпишат „голем“ билатерален договор, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник