На Волстрит се тргуваше претпазливо во средата, при што индексот Dow Jones достигна нов рекорд, а Nasdaq падна бидејќи инвеститорите се повлекуваат од технолошкиот и вложуваат во други сектори.
Индексот Dow Jones доби на вредноста 0,68 отсто, на рекордни 48.254 поени, додека S&P 500 порасна за 0,06 отсто, на 6.850 поени. Индексот Nasdaq, пак, ослабе за 0,26 отсто, на 23.406 поени.
Новиот рекорд на Dow Jones дојде главно благодарение на зголемувањето на цените на акциите на „Goldman Sachs“ и групацијата „UnitedHealth“ за по 3,5 отсто.
Од друга страна, Nasdaq се лизна поради падот на цените на акциите на технолошките гиганти „Amazon“, „Tesla“ и „Oracle“ за меѓу 2 и 4 отсто.
Од почетокот на годината, Dow Jones порасна за околу 13 отсто, а индексот Nasdaq порасна за речиси 22 отсто.
Некои инвеститори веруваат дека цените на технолошките акции се превисоки, па затоа го префрлаат капиталот од нив во други сектори, кои годинава растат побавно.
„Гледаме знаци на ротација од технолошкиот сектор во некои други сектори кои добро се снаоѓаат, како што се финансиите и здравството“, коментира Мет Стаки, менаџер за портфолио во компанијата „Northwestern Mutual“
Пазарот е поддржан од надежите на инвеститорите дека републиканците и демократите во Конгресот конечно ќе прифатат предлог за финансирање на работата на федералните служби. Се верува дека најдолгата блокада на работата на овие служби досега, која траеше повеќе од 40 дена, ќе заврши до крајот на оваа седмица.
Сепак, на пазарот преовладува претпазливост, на што укажува подпросечниот обем на тргување. Вчера на американските берзи се тргуваше со околу 17 милијарди акции, додека просечниот обем во текот на изминатите 20 дена изнесуваше 20,5 милијарди.
Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,12 отсто на 9.911 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 1,22 отсто на 24.381 поен, а парискиот CAC порасна за 1,04 отсто на 8.241 поен.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


