На њујоршки Волстрит, индексот Dow Jones малку падна во претпазливото тргување во четвртокот, додека S&P 500 и Nasdaq пораснаа трет ден по ред.
Индексот Dow Jones ослабе за 0,07 отсто на 47.850 поени, додека S&P 500 порасна за 0,11 отсто на 6.857 поени, а индексот Nasdaq за 0,22 отсто на 23.505 поени.
Тргувањето на најголемата берза во светот е претпазливо веќе со денови, бидејќи речиси сите најнови податоци покажуваат дека економскиот раст на САД забавува, а пазарот на трудот слабее. На претпазливост укажува и под просечниот обем на тргување. Околу 15,13 милијарди акции се сменија на американските берзи вчера, додека просечниот дневен обем во текот на изминатите 20 дена е 17,98 милијарди.
Поради податоците за економскиот раст во САД, инвеститорите веруваат дека американската централна банка дополнително ќе ги намали каматните стапки за 0,25 отстотни поени на состанокот следната седмица, како што направи во септември и октомври.
Нема други големи вести што би влијаеле значително на пазарот, а извештајот за инфлација во петок ќе привлече поголемо внимание. Инфлацијата во САД е сè уште далеку над целното ниво на Fed од околу 2 отсто, па новите податоци ќе покажат колку простор има Fed за олабавување на монетарната политика.
Индексите на европските берзи, исто така, пораснаа вчера. Лондонскиот FTSE доби 0,19 отсто, на 9.710 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,79 отсто, на 23.882 поени, а парискиот CAC за 0,43 отсто, на 8.122 поени.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


