Филмот на Универзал и ДримВоркс „Како да го тренирате вашиот змеј“ заработи импресивни 11,1 милиони долари во прикажувањето на претпремиерата во средата и четвртокот.

Семејниот филм се очекува да доминира на Бокс Офисот од 13-15 јуни со проекција на заработка од 75 милиони долари во премиерниот викенд, но стручњаците најавуваат дека заработката на филмот само во САД би можела да биде и поголема.

Критиките за филмот се извонредни а Ротен Томејтоус му даде дури 99 проценти, додека кај критиката филмот доби 77 проценти.

Изминатите две недели на Бокс Офисот доминираше Лило и Стич кој досега заработи 807 милиони долари на кино благајните и се верува дека финансиски ќе биде најуспешен филм во 2025.

 

Слични новости

Почина пионерот на фанкот Слај Стоун

Почина пионерот на фанкот Слај Стоун

Слај Стоун, водач на бендот Sly and the Family Stone, еден од највлијателните бендови во развојот на фанк, соул, аренби, рок и психоделична музика, почина на 82 години