Филмот на Универзал и ДримВоркс „Како да го тренирате вашиот змеј“ заработи импресивни 11,1 милиони долари во прикажувањето на претпремиерата во средата и четвртокот.

Семејниот филм се очекува да доминира на Бокс Офисот од 13-15 јуни со проекција на заработка од 75 милиони долари во премиерниот викенд, но стручњаците најавуваат дека заработката на филмот само во САД би можела да биде и поголема.

Критиките за филмот се извонредни а Ротен Томејтоус му даде дури 99 проценти, додека кај критиката филмот доби 77 проценти.

Изминатите две недели на Бокс Офисот доминираше Лило и Стич кој досега заработи 807 милиони долари на кино благајните и се верува дека финансиски ќе биде најуспешен филм во 2025.

 

Слични новости