Иконата на рок музиката, починатиот  Дејвид Боуви се враќа на Берлинскиот филмски фестивал. Режисерот Брет Морган, кој има номинација за Оскар за документарен филм, во Берлин ќе ја има светската премиера на „Стејџ“ нови материјали за концертните искуства на Дејвид Боуви.

Филмот е правен според оригинални снимки од турнејата Isolar World Tour на Дејвид Боуви од 1978, материјал кој режисерот го пронајде додека го снимаше документарецот за Боуви „Moonage Daydream“ од 2022-ра година.

Материјалот е главно за албунот на Боуви „ Heroes“ кој британскиот уметник го напиша и сними додека престојуваше во Берлин.

Дејвид Боуви беше икона на рок и поп музиката кој почина во 2016-та година на возраст од 69 години.

Слични новости