Откако Диего Симеоне го води Атлетикот Мадрид на клупата од 2014, Атлетико нема загубено меч на домашен терен во Лигата на шампиони. Статистиката на Симеоне во елиминациската рунда од Лигата на шампионите пред своите навивачи е 11 победи и 6 нерешени со гол разлика 26:5 !

Во Лигата на шампионите Атлетико како домаќин нема загубено уште од 1997 кога на Винсенте Калдерон славеше Ајакс. Тогаш Симеоне играше за Атлетико, а на клупата седеше Радомир Антиќ.

Бројките и статистиката покажуваат дека на Барцелона која загуби на Камп Нпу од Атлетико во првиот меч со 2:0 вечерва ќе и биде потребно чудо.

 

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено