Германскиот железнички оператор „Deutsche Bahn“ наредните седмици ќе продаде стотици велосипеди оставени на станиците низ Германија.
Железничката компанија објави дека се планира да се одржат неколку аукции до крајот на мај, а ќе бидат организирани во поголемите градови меѓу кои Берлин, Лајпциг, Дрезден и Минхен.
Околу 2.700 велосипеди се наоѓаат секоја година на околу 5.400 станици низ целата земја, рече портпаролката на „Deutsche Bahn“, според агенцијата dpa.

Околу половина од овие велосипеди се продаваат на аукција откако ќе се чуваат најмалку 10 седмици, додека оние во лоша состојба се фрлаат, рече таа.
Цената на велосипедот на аукција варира во зависност од состојбата и видот. Во просек, велосипедите се продаваат за околу 60 евра, рече портпаролката, а некои е-велосипеди се и по цена од повеќе од 300 евра, иако се ретки.
Аукциите во градовите како Берлин имаат тенденција да привлечат голем број луѓе, создавајќи конкуренција за понудите. Сепак, купувачите кои бараат детски велосипеди може да имаат поголеми шанси, бидејќи побарувачката е обично помала во оваа категорија, велат од агенцијата.
Слични новости
Заврши снимањето на војната на розите со Бенедикт Камбербач и Оливија Колман
Римејкот на „Војната на розите“ во кој главните улоги ги толкуваат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман е завршен и неговата премиера е закажана за 29 август, соопшти студиото Срчлајт пикчерс.
Јутјуб најгледан кај дистрибутерите на телевизиски контент во САД
Интересен е фактот што Јутјуб го зазеде првото место поради изненадувачкиот пораст на популација над 50 години која гледа Јутјуб, која ги надмина по гледаност луѓето на возраст меѓу 18 и 34 години.
Депардје на суд призна дека фатил жена за бутините
Француската филмска ѕвезда Жерар Депардје во вторникот пред судот призна дека ја зграпчил жената која го обвини за сексуален напад за бедрата, но нагласи дека тоа не е напад