Дијамантскиот брош во сопственост на францускиот император Наполеон, изгубен по битката кај Ватерло, ќе биде понуден на аукција.
Брошот, составен од речиси сто дијаманти, бил оставен откако францускиот император избегал од бојното поле кај Ватерло за да се врати во Париз.
Три дена подоцна, пруската војска му го дала на својот крал како еден од воените трофеи.
Брошот сега првпат ќе биде понуден на аукција којашто на 12-ти ноември ја организира аукциската куќа Sotheby’s, а се проценува дека вреди меѓу 112.000 и 187.000 фунти.
Тркалезниот брош е составена од голем овален дијамант во центарот, опкружен со речиси сто помали дијаманти со различни големини и форми.
Брошот е направен за Наполеон околу 1810 година и францускиот император го носел во посебни пригоди.
Овој накит симболично го претставува крајот на сонот на Наполеон за проширување на својата империја, кој бил запрен со пораз на споменатото бојно поле во денешна Белгија.
Слични новости
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија
Почина американски архитект Френк Гери
Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст


