Минатиот месец беше најтоплиот ноември во историјата на мерењето на температурите во Шпанија и Португалија, а и целата планета Земја оди по тој пат. Во Португалија просечната температура во ноември беше 15,14 степени Целзиусови, соопшти Националниот метеоролошки институт.

Температурата во Португалија во ноември е повисока за 2,69 степени во просек од периодот 1981-2010. Во Шпанија, исто така е забележан најтопол ноември за 0,5 степени повеќе од претходниот рекорд во 1983.

За планетата Земја 2023 беше најтоплата година во историјата на мерење на температурите и за прв пат во текот на цела една година температурата беше 1,5 степени Целзиусови над температурите од прединдустриското време.

 

Слични новости

Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите

Откриен најстариот доказ за христијанството северно од Алпите

Записот се наоѓа на сребрена фолија и се состои од 18 редови испишани на латински јазик, а адтира од периодот меѓу 230 и 260 година од новата ера.
Фолијата била замотана во мала сребрена амајлија. Како што наведуваат германските археолози, артефактот беше пронајден во една гробница од третиот век во градот Хесе, каде што некогаш се наоѓал античкиот римски град Нида.

Ватикан на работ од банкрот

Ватикан на работ од банкрот

Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.