Најстудено утрово е во Берово, четири степени под нулата.
Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во Скопје-Петровец и Битола (-3), Тетово, Штип и Струмица (-2) и Крива Паланка, Демир Капија и Mаврови Анови ( -1).
Нула степени се измерени во Прилеп, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Претор, 2 степена во Виница, Kрушево и на Попова Шапка и 5 степени во Куманово.
Според прогнозата на УХМР, денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени
Слични новости
Стартува расправата за буџетот
Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.
Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател
Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за избор на нов претседател, откако мандатот на Душица Димитриеска заврши на 1 октомври.
Сообраќајот на граничниот премин Богородица конечно нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин Богородица ( Евзони ) е целосно нормализиран од 21 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно, овој премин беше во целосна блокада, и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.


