Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка – 1 Целзиусов степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во утринските и претпладневните часови наместа има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 Целзиусови степени.
Слични новости
Граничниот премин Богородица вечерва затворен за секаков тип возила
Од 18:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е затворен за секаков тип на возила, информираат од АМСМ
САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија
. Сакам да ја поздравам соработката меѓу САД и Македонија во зајакнување на инстуциите, промовирање на економската соработка, и испорачување резултати за граѓаните, порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер
Апелација ја зголеми затворската казна на Васил Јованов за усмртувањето на Фросина Кулакова
Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“


