Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде се измерени – 4 степени Целзиусови, по што следуваат со -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови и Крушево, 1 Тетово, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп и Берово, 3 Охрид и Дебар, 4 Претор, Штип, Виница, Куманово, Велес и Кавадарци, 5 Демир Капија и Струмица и 6 степени во Гевгелија.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу дожд, 19 литри на метар, во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија и Дебар, 15 во Струмица, 13 во Битола и Крушево, 12 во Прилеп и Берово, 11 во Крива Паланка, Пожаране и Пожар-Радовиш, 10 во Тетово, Охрид, Штип и Тополчани, 9 во Маврови Анови и Лазарополе, 8 во Претор и Велес, 7 во Виница, 6 во Попова Шапка Кавадарци, 5 во Скопје-Петровец и Куманово, 4 во Демир Капија, 1 во Скопје-Зајчев Рид.
На Попова Шапка има 47 сантиметри снег, 36 во Маврови Анови, а Крушево 12. Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност.
Попладне и во вечерните часови во југоисточните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени
Слични новости
НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.
Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.
МВР распиша потерница за Груби и Бајрами
Министерството за внатрешни работи денеска распиша потерница по Артан Груби и по Перпарим Бајрами, двајцата осомничени во случајот со проневера на милиони народни евра во државна лотарија.
Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан
На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.