Најстудено изутрина е на Попова Шапка  каде се измерени – 4 степени Целзиусови, по што следуваат со -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови и Крушево, 1 Тетово, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп и Берово, 3 Охрид и Дебар, 4 Претор, Штип, Виница, Куманово, Велес и Кавадарци, 5 Демир Капија и Струмица и 6 степени во Гевгелија.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најмногу дожд, 19 литри на метар, во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија и Дебар, 15 во Струмица, 13 во Битола и Крушево, 12 во Прилеп и Берово, 11 во Крива Паланка, Пожаране и Пожар-Радовиш, 10 во Тетово, Охрид, Штип и Тополчани, 9 во Маврови Анови и Лазарополе, 8 во Претор и Велес, 7 во Виница, 6 во Попова Шапка Кавадарци, 5 во Скопје-Петровец и Куманово, 4 во Демир Капија, 1 во Скопје-Зајчев Рид.

 

На Попова Шапка има 47 сантиметри снег, 36 во Маврови Анови, а Крушево 12.  Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност.

Попладне и во вечерните часови во југоисточните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени

globe

Слични новости

Скопје утрово е најзагадениот град во Европа

Скопје утрово е најзагадениот град во Европа

На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје. Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, главниот град на Македонија утрово е најзагаден град во Европа.

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Премеирот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна дека неговата дискусија во Брисел се водела од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да земјата да го изоди патот докрај