Генерации одраснаа со култниот цртан филм во кој Којотот неуморно ја бркаше Брзата птица итрица, која и покрај неговите генијални планови, по правило се завршуваше со комичен неуспех.
Омилениот цртан јунак сега ја напушта пустината и влегува во судница во долгоочекуваниот филмски хит „Којотот против системот“ кој треба да ја има премиерата во август.
Филмот ги комбинира играната и анимираната форма, режисер на филмот е Дејв Грин, а главната улога му е доделен а на Вил Форт.
Во филмот има необичен пресврт: Откако неисправните производи на компанијата „Акме“ постојано го оставаат на цедило за време на ловот по Брзата прица итрица, Којото реши да ја бара правдата на суд.
Слични новости
Премиерите на „Хоперс“ и „Невестата“ се очекува да доминираат на Бокс Офисот овој викенд
Анимираниот филм на Пиксар „Хоперс“ се очекува да има најдобро отварање за ова студио во последната деценија. Пиксар кој е дел од студиото Дизни очекува премиерата на „Хоперс“ да донесе заработка од околу 88 милиони долари на премиерниот викенд, од кои во САД близу 40 милиони.
Пол Томас Андерсон фаворит за освојување на трите важни Оскари
Познатиот режисер е фаворит за освојување на наградите за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио, а доколку успее, ќе стане само 12-тиот режисер кому тоа му успеало
Серијата „Младиот Шерлок“ на Гај Ричи со лоши критики
Холивуд Рипортер оценува дека ликот на Шерлок кој го прикажува Гај Ричи, заснован врз книгите на Ендрју Лејн, речиси и да нема допирни точки со ликот на славниот детектив од романите на Артур Конан Дојл


