Романтичната драма „Се каам поради тебе“ на студиото Парамаунт е прва на американскиот Бокс Офис овој викенд со заработка од 8,1 милион долари, во финансиски најслабиот Халовин Бокс Офис во последните 30 години во САД.

Филмот е адаптација на книгата на Колин Хувер, реќисер е Џош Боун, а во главите улоги се Алисон Вилијамс и Мекена Грејс. За две недели прикажување ширум светот романтичната комедија заработи солидни 50 милиони долари.

Хоророт „Црниот телефон 2“ со Итан Хоук заработи нови 8 милиони долари во САД викендов и ја надмина цифрата од 100 милиони долари заработка глобално.

Премиера овој викенд имаше и филмот „Бугониа“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос со Ема Стоун во главната улога, кој заработи 5,8 милиони на американскиот пазар и 11 милиони долари глобално.

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година