Викендот што измина беше најслаб на Бокс офисот во 2025, а ниту еден филм не успеа да ја надмине бројката од 10 милиони долари заработувачка. Прв на листата е акциската комедија на Парамаунт „Новокаин“со заработка од 8,7 милиони долари во премиерниот викенд.

На второ место е научно-фантастичната комедија Мики 17 со заработка од 7,5 милиони долари на режисерот Бон Џун Хо, кој стекна слава со филмот „Паразит“. Мики 17 е втора недела на втората позиција на Бокс офисот.

Долгоочекуваниот трилер на Стивен Содерберг „Црна торба“ со Кејт Бланшет, Мајкл Фасбиндер и Пирс Броснан исто така заработи 7,5 милиони долари и е на третото место на американскиот Бокс офис.

На четвртото место е „Капетан Америка“ на студиото Марвел кој викендов заработи 5,5 милиони долари и стигна до заработка од 190 милиони долари на американскиот пазар и одлични 388 милиони долари глобално.

Следниот викенд се очекува мјзуклот „Снежана„ на Дизни, кој се очекува да заработи над 50 милиони долари во премиерниот викенд на прикажување.

Слични новости