Украина го изведе најсилниот напад врз Русија од почетокот на војната, а погодени биле неколку руски области, при што главна цел на нападите биле енергетските постројки.

Губернаторот на Брјанската област Александар Багомаз рече дека областа “доживеала најмоќен и најмасовен напад досега“, со огромен број на беспилотни летала лансирани во еден ден.

Како резултат на акциијата на украинските сили оштетени се енергетски објекти во Русија во Белгородската, Калушката, како и Курската област.  

Слични новости

Атентат врз руски генерал во Москва

Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.