Музичкиот трилер „Emilia Perez“ и историскиот еп „The Brutalist“ ја предводат листата филмови номинирани во понеделникот за Златните глобуси 2025 година, награда која исто така е водечки показател за тоа што ќе се случи на Оскарите.
„Emilia Perez“, за кој правата за дистрибуција ги стекна Netflix, доби десет номинации, а „The Brutalist“ од независниот дистрибутер А24 – седум.

Освојувањето на Глобуси може да им помогне на филмовите во трката за Оскар во март. Минатогодишните штрајкови во Холивуд го нарушија овогодинешниот распоред на прикажување, а струњаците за доделување на наградите велат дека не постои јасен фаворит за најдобар филм на доделувањето на Оскарите.
Победниците на Глобус ќе ги изберат 334 новинари од 85 земји и ќе бидат објавени на 5 јануари на церемонија што ќе се емитува во живо на телевизијата CBS и преку стриминг на Paramount+.
Во „Emilia Perez“, Зои Салдана глуми адвокатка која му помага на водач на нарко-картел (шпанската актерка Карла Софија Гаскон) да ја лажира својата смрт и трансформација од машко во женско. Селена Гомез ја игра сопругата на водачот на картелот.
„The Brutalist“, во кој глуми Адриен Броди во главната улога, е епска приказна за унгарски имигрант кој бега од ужасите на Втората светска војна за повторно да го изгради својот живот во САД.
Во категоријата за најдобра драма заедно со филмот „The Brutalist“ е номинирана приказната за изборот на папата „Conclave“, која доби шест номинации, биографскиот филм за Боб Дилан „A Complete Unknown“, , научно-фантастичниот еп „Dune: Part Two“, историската драма „Nickel Boys“ и „”„Момци од никел“ и „September 5“, приказната за спортските новинари кои известуваа за заложничката криза на Олимписките игри во Минхен во 1972 година.
„Wicked“, адаптација на долгогодишната бродвејска претстава за вештерките во „The Wizard of Oz“, доби четири номинации, додека романтичната комедија „Anora“ и „Тhe Substance“ добија по пет.

Слични новости
Рик Хофман се враќа во Сјутс ЛА
Актерот Рик Хофман кој го играше адвокатот Луис Лит во деветте сезони на хит серијата Сјутс, ќе се појави и во спин офот на серијата Сјутс ЛА во улога на истиот лик.
Метју Модин прифати улога во новиот филм за Годзила и Кинг Конг
Познатиот актер Метју Модин постигнал договор со студиото Леџендари за да глуми во новиот филм за Годзила и Кинг Конг, чие снимање почнува во април во Австралија.
Карлсен ги продаде контроверзните фармерки за 36.100 долари
Поранешниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен, на eBay ги продаде своите фармерки, со кои му беше забрането да игра на Светското првенство во брз шах во декември, за 36.100 долари