Министерството за здравство на Газа, палестинската енклава управувана од милинтантното движење Хамас, соопшти дека во израелските напади во текот на ноќта кон четвртокот загинале најмалку 85 луѓе, главно деца и жени.
Захер ал-Вахеиди, функционер задолжен за евиденција во министерството, рекол за Associated Press дека вкупно 592 лица се убиени откако Израел го прекина примирјето со ненадејно бомбардирање рано во вторникот.
Во израелските напади загинаа најмалку 85 Палестинци низ Појасот Газа во текот на ноќта и во четвртокот, според извештаи од три болници. Нападите погодија повеќе домови среде ноќ, при што додека спиеле загинале деца, жени и мажи.

Неколку часа подоцна, израелската војска ја врати блокадата на северот на Газа, вклучувајќи го и градот Газа, што ја одржуваше во поголемиот дел од војната. Ги предупреди жителите да не го користат главниот автопат за да влезат од или да излезат кон северот на тесната крајбрежна енклава и порача дека само преминот кон југ ќе биде дозволен по крајбрежниот пат.
Здравствените служби известија дека Израелците гаѓале домови на север и југ од палестинската енклава. Израел сѐ уште не ги коментирал наводите. Неговата армија во средата објави дека ги продолжува копнените операции во централниот и јужниот дел на Појасот Газа, откако го прекрши прекинот на огнот што беше во сила од јануари.
Копнените операции во четвртокот доаѓаат ден откако повеќе од 500 Палестинци беа убиени во еден од најкрвавите воздушни напади од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година. 510 Палестинци се убиени од воздух од вторникот, а повеќе од половина од жртвите се жени и деца, изјавија за Reuters палестинските служби.
Израелската армија објави дека преку операции ја проширила контролата врз коридорот Нецарим, кој ја минува Газа и дека се „фокусирани“ на создавање делумна тампон зона меѓу северот и југот на енклавата.
Палестинското милитантно движење Хамас рече дека операциите се „ново и опасно кршење“ на договорот за прекин на огнот, стар два месеци. Хамас во соопштението повтори дека е посветен на договорот и ги повика посредниците „да ја преземат својата одговорност“.
Официјален претставник на Хамас за Reuters во четвртокот изјави дека посредниците ги засилиле своите напори во разговорите со завојуваните страни, но дека „досега нема напредок“.
Стотици илјади Палестинци се вратија во она што остана од нивните домови на северот по примирјето во јануари. Израел продолжи со силните напади низ Газа во вторникот, рушејќи го примирјето што го олесни ослободувањето на повеќе од дваесет заложници. Израел го обвини Хамас за обновените борби, бидејќи милитантната група го отфрли новиот предлог што отстапува од нивниот потпишан договор.
Слични новости
Србија ќе добие 111 милиони евра од Планот за раст на Западен Балкан
До крајот на седмицата на Србија ќе и бидат исплатени 111 милиони евра од Европскаа унија од Планот за раст за Западен Балкан, благодарение на усвојувањето на реформите
По пресудата за злоупотреба Ле Пен доби забрана за вршење јавна функција на пет години
Француската крајно десничарска лидерка Марин Ле Пен беше прогласена за виновна за злоупотреба на средства од Европската унија и осудена на петгодишна забрана за вршење јавна функција
Ле Пен прогласена виновна на судење за проневера на фондови на ЕУ
Францускиот суд во понеделникот ја прогласи лидерката на крајната десница Марин Ле Пен за виновна за злоупотреба на фондовите на Европската унија, во судење што може да ги уништи нејзините претседателски надежи