Најмалку 35 000 луѓе умреа во Европа, за време на четирите последователни топлотни бранови. Смртноста во три големи земји на ЕУ-Германија, Франција и Шпанија надмина 25 000, а стручњаците очекуваат дека бројот на жртвите драстично ќе се зголеми, откако ќе бидат објавени податоците  за август, пишува Гардијан.

Топлотните бранови кои од мај ја зафатија Европа ги урнаа историските температурни рекордина стотици метеоролошки станици.

Франција го забележа најголемиот национален просечен максимум било кога. Во Германија кон крајот на јуни температурните рекорди беа соборувани три дена по ред, а во Шпанија максималната температура константно надминуваше 42 степени.

Слични новости

Метју Рајс стана првиот актер кој доби две Еми награди

Метју Рајс стана првиот актер кој доби две Еми награди

Велшкиот актер Метју Рајс ја освои Еми наградата за најдобар актер во категоријата лимитирана серија за мини серијата „Ѕверот во мене“, а истата вечер ја доби наградата и за најдобар актер во категоријата комична серија за неговата улога во „ Widow’s Bay“.