Најмалку 35 000 луѓе умреа во Европа, за време на четирите последователни топлотни бранови. Смртноста во три големи земји на ЕУ-Германија, Франција и Шпанија надмина 25 000, а стручњаците очекуваат дека бројот на жртвите драстично ќе се зголеми, откако ќе бидат објавени податоците за август, пишува Гардијан.
Топлотните бранови кои од мај ја зафатија Европа ги урнаа историските температурни рекордина стотици метеоролошки станици.
Франција го забележа најголемиот национален просечен максимум било кога. Во Германија кон крајот на јуни температурните рекорди беа соборувани три дена по ред, а во Шпанија максималната температура константно надминуваше 42 степени.
Слични новости
Кошаркарот Џејлен Брансон ќе игра во епизода на култната серија „Закон и ред“
Официјално е потврдено дека најдобриот кошаркар на Њујорк Никс Џејлен Брансон ќе биде ѕвезда која ќе гостува во епизода во новата сезона на култната серија „Закон и ред“ во која главаната улога ја толкува Мариска Харгитај. Мариска е страстен фан на Њујорк Никс и пријател со Брансон.
Нетфликс ги откупи правата на новата серија „Сиот тој гнев“ на Лиз Фелдман и Кели Хачинсон
Стримерот Нетфликс ги откупи правата на серијата „Сиот тој гнев“ од авторите Лиз Фелдман и Кели Хачинсон кои соработуваа и на сериите „Мртов за мене“ и „Мечкина услуга“. Нетфликс исто така, го продолжи договорот со Фелдман која изминатите шест години работи со Нетфликс.
Нафтата Брент близу 104 долари за барел, европскиот гас на околу 77 евра за мегават-час
Цената на нафтата Брент на светските берзи денеска достигнува околу 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ се продава по цена од 101 долар за барел.


