Најмалку 35 Палестинци се убиени утринава во израелски бомбардирања на различни подрачја на Појасот Газа, јави палестинската новинска агенција Вафа.

Според извештајот на агенцијата, во бомбардирање на станбена зграда во градот Газа загинале 7 луѓе, меѓу кои и жени и деца. Други 15 луѓе биле убиени во бомбардирањето на куќи во кампот Нусеират во централниот дел од Појасот, каде што се засолените раселените лица.

Во западниот дел од градот Рафа на југот од енклавата, во израелски напад се убиени 13 луѓе, а според соопштението на лекарите, биле ранети повече од 30 луѓе.

Генералното собрание на Обединетите нации доцна синоќа усвои резолуција со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и ослободување на сите заложници веднаш.

Вол стрит џурнал денеска јави, повикувајќи се на арапски посредници, дека Хамас се откажал од клучното барање и е подготвен на примирје со тоа што на израелската војска ќе и биде дозволено да остане во енклавата за време на примирјето.

 

Слични новости

Билд: Расте бројот на мртвите, четворица загинати во нападот врз Божиќниот панаѓур во Магдебург

Билд: Расте бројот на мртвите, четворица загинати во нападот врз Божиќниот панаѓур во Магдебург

Бројот на настраданите во нападот врз Божикќниот панаѓур во германскиот град Магдебург се искачи на четири, а над 200 лица се повредени, пренесе весникот Билд, повикувајќи се на извори во германската полиција.

Јеменските Хути го гаѓаа Тел Авив со балистистичка ракета 16 луѓе ранети

Јеменските Хути го гаѓаа Тел Авив со балистистичка ракета 16 луѓе ранети

Израелската војска соопшти дека не успеа утринава да пресретне балистичка ракета испукана од Јемен која падна врз Тел Авив. Здравствените власти соопштија дека од експлозијата на ракетата се повредени 16 лица.