Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди северниот авганистански град Мазар-е Шариф рано наутро во понеделникот, при што загинаа најмалку 20 лица, стотици беа повредени и беше оштетена историската Сината џамија, соопштија властите, со страв дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми.
Геолошкиот завод на САД (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 28 километри, во близина на Мазар-е Шариф, кој има околу 523.000 жители. USGS очекува „голем број жртви“, со проценка дека „катастрофата е потенцијално широко распространета“.
Најмалку 20 лица загинаа, а околу 320 се повредени, изјави портпаролот на Министерството за здравство Шарфат Заман, но официјалните лица предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачките екипи стигнаа до оддалечените села во најтешко погодените провинции Балх и Саманган.
„Нашите спасувачки и медицински екипи стигнаа во областа, а раководството ги стави сите блиски болници во состојба на готовност за лекување на повредените“, рече Заман.
Земјотресот оштети дел од Сината џамија, најсветото место за богослужба во Мазар-е Шариф, кое датира од XV век, изјави портпаролот на покраината Балх, Хаџи Заид.
Џамијата се смета за едно од најсветите места во Авганистан и се верува дека е погребно место на роднина и зет на пророкот Мухамед.
Катастрофата е најновата во низата предизвици за земјата разурната од дваесетогодшната американска и сојузничка окупација сега под власта на талибаните, која веќе се бори со големи кризи, вклучувајќи го земјотресот во август во кој загинаа илјадници луѓе, остро намалување на странската помош и масовна депортација на авганистански бегалци од соседните Пакистан и Иран.
Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија низ целата земја, вклучително и во главниот град Кабул, соопшти националната енергетска компанија „Da Afghanistan Breshna Company“.
Слични новости
ЕУ и НАТО: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
безбедноста на Украина
Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
Трамп: Казната на ЕУ за „Икс“ е гнасна
Трамп кој ја нарече казната на ЕУ регулаторите гнасна, порача дека Европа се движи во лоши правци и дека треба да биде многу внимателна.
Зеленски: На Украина ѝ недостигаат 800 милиони долари до крајот на годината за оружје
На Украина ѝ недостигаат околу 800 милиони долари за да купи американско оружје до крајот на оваа година со помош на европските сојузници, изјави...


