Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави, превртеа автомобили и уништија домови, објавија во саботата медиумите.

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа за време на силно невреме во Тексас, додека смртни случаи се пријавени и во Оклахома и Арканзас.

 

Мајк Каео, гувернер на Мисури – каде што се пријавени 11 смртни случаи во четири југоисточни окрузи – рече дека државата е „уништена од силни бури и торнада, со уништени домови и изгубени животи“.

Повеќе од 200.000 луѓе останаа без струја во пет држави: Мисури, Илиноис, Индијана, Тексас и Арканзас, според веб-страницата PowerOutage.

И натаму се предвидуваат лоша временска ситуација во регионот во сабота, додека предупредувања за торнадо се издадени во централниот дел на Мисисипи, источна Луизијана и западниот дел на Тенеси.

Издадени се предупредувања за поплави за истите три држави, како и за делови од Алабама и Арканзас.

Највисоко ниво на предупредување од торнадо беше издадено и за центарот на Мисисипи во саботата.

Националната метеоролошка служба (NWS) предупреди на „повеќе интензивни“ и долготрајни торнада во тие области, опишувајќи ја ситуацијата како „особено опасна“.

globe

Слични новости